Пристигна дел од биолошката терапија на клиниката за онкологија. Лековите кои ги немаше околу две недели етапно се дистрибуираат во болничката аптека. Анексите на договорите се потпишани и се очекува оваа и почеток на другата недела сите дефицитарни лекови да бидат достапни за онколошките пациенти вели директорот на клиниката. Медикаментите се доставуваат дел по дел затоа што добавувачот нема на залиха од потребните лекови. Стојковски уверува ...

Денеска два, во понеделник уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на клиниката за онкологија и пациентите да продолжат со лекувањето по речиси две недели прекин поради недостиг на биолошката терапија. Надлежните велат, терапијата ќе им биде доволна на пациентите во наредните неколку недели, се до новиот тендер. За сомнежите на онколошките пациенти дека се трошат последните количества од имунолошката терапија која е различна од ...

Два биолошки лека кои се дел од терапијата која недостасува на Клиниката за онкологија се достапни за пациентите, етапно ќе пристигнуваат и другите, со што треба да се надмине проблемот со дефицит на терапија. Но, додека стигнат, болните од канцер се испраќаа дома без примена биолошка терапија, со одговорот дека го нема лекот – сопругата на Ерол Беќири првпат се соочила. „Сопругата е тука пациент, денеска требаше да прима биолошка терапија ...

Дел од биолошката терапија, два лека кои пациентите ги чекаа десетина дена пристигнаа на Клиниката за радиотерапија и онкологија, другиот дел од терапијата се очекува да стигне до крајот на неделава и почетокот на следнатата. Станува збор за биолошката терапија која се набавува со потпишување на анекс на постоечките договори. -Со кои веледрогерии се склучени анекс договори ? Со повеќе веледрогерии бидејќи повеќе се дистрибутери, повеќе се да не ...