Барселона не знае за пораз во 2025-та година и продолжи со добрата серија на резултати, па така вечерва на менито на тимот на Ханси Флик се најде и Рајо Валјекано, тим кој со право потврди дека е крајно незгоден за било кој ривал. Тимот од мадридското предградие пристигна на „Монжуик“ со низа од девет меча без пораз во Ла Лига, но вечерва сепак мораше да се помири со минимален пораз. Рајо покажа заби на гостувањето кај апсолутниот фаворит и во ...

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0). -Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го правиме. Рајо нема пораз девет натпревари по ред, па победата е голем успех. Одигравме добро, но можеме да бидеме уште подобри, изјави Флик за ...