Концептот на дуално образование, според неа, опфаќа работа на учениците во компаниите, односно на работното место, со што посочи дека успеале да привлечат многу ученици и да го сменат мислењето дека средно стручно образование нема иднина или дека можеби е помалку вредно од гимназиското. Концептот на дуалното образование ги подготвува идните генерации на ученици со квалитетно образование да излезат на пазарот на труд. Затоа, преку нов закон ...

„Правиме комплетно нов закон во комплетна и континуирана комуникација со Стопанската комора. Во него ќе се регулираат односите меѓу училиштата и бизнис секторот и ќе овозможиме да добие легална форма која досега била на добра волја, а ја водела Стопанската комора. Станува збор за концептот на дуално образование кој повеќе години се развива во нашата држава и кој подготвува генерации на ученици со квалитетно образование за да излезат на пазарот ...