Сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од една Рамка. Не може, ама никој не кажал дека не може да биде, истакна македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Мислам дека министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата. Како тој потпишал дека нешто ќе влезе во Рамка, а Рамката ќе биде услов кој што треба да се исполни за да можеме ние да завршиме со кластерите и ...
Екс-шефот на дипломатијата, Бујар Османи ѝ одговори на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова откако синоќа му порача дека екс-министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата. Османи со жалење констатира дека претседателката, како што вели, наместо да ја користи својата функција за да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации кои сведочат за сериозно непознавање на основните процедури на ЕУ. ...