Екипата на Пелистер од денес не е лидер во мак-кошарката, затоа што загуби на гостувањето кај последнопласираниот Гостивар (89-86), резултат кој е големо изненадување и шок на колото ако се земат предвид разликите меѓу двата тима. „Зелените“ дојдоа како големи фаворити на гости во салата „Младост“, со европски дуели зад себе и со сезона во која се има високи амбиции, но овој резултат на гостувањето е голема шлаканица за битолчани во битката за ...
Кошаркарите на Гостивар приредија изненадување, победувајќи го Пелистер во последниот натпревар од осмото коло во Првата лига. Домаќините славеа со 89-86 пред својата публика и ја прекинаа серијата од пет порази по ред. Ова беше и прва победа за новиот тренер на тимот, Александар Петровиќ. Пелистер, очигледно изморен од настапите на домашната и европската сцена, вечерва не успеа да дојде до посакуваните бодови. Гостите имаа проблеми цел ...

