На 05.08.2025 околу 20:55 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-село Воиславци, кај место викано „Воиславска кривина“ – општина Радовиш, А.В.(34) од с.Сулдурци, радовишко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа ...
Вчера околу 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Скопје и мотоцикл „лонгија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум ...