Во Офицерски дом во Битола, вечерва пред голем број на почитувачи на уметноста и пријатели на авторот, беше отворена изложбата насловена како “Поема на атомите“ на Благојче Петровски од Битола.Владо Георгиевски, кој ја напиша рецензијата за изложба се обрати пред присутните и рече:-Целокупната меморија на универзумот е запишана во нашите срца, а нашето срце ја испраќа во вселената. Тое всушност софизмот, од каде што почнува Благојче, тоа е ...
Првата изложба во 2024 година во КИЦ-Битола ќе биде поставена на 20 јануари во Офицерскиот дом. Станува збор за изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски. – Живеењето во современиот свет, особено во последниве декади, е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во време кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. ...