Денеска е 22 јули (по стар стил) и се слави Св. мироносица Марија Магдалина. Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово, заради што е наречена Магдалина. Претходно мачена од седум зли духови, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресветата Богородица и тагуваше ...

Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Света Марија Магдалина, која црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. ...