Кога во август 1994-та филмот „Пред дождот” на Милчо Манчевски на фестивалот во Венеција ја освои наградата „Златен лав”, некои германски весници беа изненадени што победил филм од држава која, всушност, официјално „не постоела”. Секако, Македонија во тоа време се поврзуваше со спорот за името со Грција, со провизорното ПЈРМ и со опасноста од меѓуетнички конфликт. Таа беше најдобриот пример за западниот стеретип за Балканот, според кој војните ...

Кица Колбе: Гледајќи го повторно овој филм на Манчевски ми стана јасно дека од таа чудесна игривост и шифровитост на приказната во овој филм, тој во филмовите кои следеа по „Пред дождот” небаре направи манир. Ми се чини дека секоја негова нова приказна е сѐ поконстрирана, а со тоа и сѐ похерметична. Тоа што во овој филм е „живо” поврзано со поетската димензија на приказната, веќе во филмот „Прашина” стана артифициелност. Восхитувајќи се на ...