Баерн Минхен веќе сериозно чекори кон титула сезонава во Бундеслигата, откако во 23. коло убедливо со 4-0 славеше во дерби пресметката против Ајнтрахт Франкфурт. Баварците до водство дојдоа со голот на Олисе во финишот на првото полувреме. А, потоа целосна доминација на домашниот тим во вториот дел. Најпрво Ито во 62. минута зголеми на 2-0, а потоа Мусиала во 83. минута донесе предност и од 3-0. Конечните 4-0 ги постави Гнабри во третата минута ...
Фудбалерите на Баерн Минхен им се вратија на победите во Бундеслигата, откако по ремито со Баер Леверкузен во претходното коло, вечерва одиграа на посакуваното ниво и пред својата публика со убедливи 4-0 (1-0) го совладаа составот на Ајнтрахт Франкфурт. Баварците офанзивно го отворија дербито и во првите триесет минути создадоа неколку посериозни шанси за гол, но мрежата на Трап остана незатресена. Но, така не беше и во 48. минута, кога момците ...