Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија планираат да се сретнат со својот ирански колега во Женева во петок во врска со нуклеарната програма на Иран, соопшти германски дипломатски извор. Министрите прво ќе се сретнат со шефицата на европската дипломатија Каја Калас, во германското постојано претставништво во Женева, по што ќе одржат заеднички состанок со иранскиот министер за надворешни работи, соопштил изворот ...

Европски министри за надворешни работи ќе остварат средба во Женева со нивниот ирански колега Абас Арагчи во обид за деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран. Ова ќе бидат први директни разговори меѓу Западот и Техеран, откако Израел пред една недела го нападна Иран. Состанокот во Женева доаѓа по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи уредбата за евентуална воена интервенција на САД против Исламската Република. © 2020 ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре ќе се сретне со своите колеги од Велика Британија, Франција и Германија и со министерот за надворешни работи на ЕУ во Женева, објавија денес иранските државни медиуми. Тој рече дека состанокот е свикан на барање на три европски земји, Франција, Германија и Велика Британија. „Утре ќе се сретнеме со европската делегација во Женева“, рече министерот, според соопштението ...