Ракометарите на ПСЖ продолжуваат со игрите „топло-ладно“ во Лигата на шампионите. Вечерва францускиот тим беше поразен од Веспрем на домашен терен со 33-37, и така си ја загорчија судбината за второто место на табелата, кое носи директен пласман во 1/4 финалето. Натпреварот унгарскиот тим го реши во првиот дел, кога поведе со 18-23, а во второто полувреме ПСЖ успеа да се доближи до само еден гол разлика на двапати, но не најде сили за целосен ...
Екипата на Веспрем му направи услуга на Спортинг и со победа над ПСЖ во дербито на денот (37-33) го остави португалскиот тим на второто место на табелата во Лигата на шампионите. ПСЖ посакуваше домашна победа за да влезе во игра за директно четвртфинале во елитното друштво, но не успеа да му парира на унгарскиот гигант кој ја запиша десеттата победа по ред во ЛШ во еден ефикасен меч со 70 гола. Најдобар стрелец кај Веспрем на овој натпревар ...