Ракометарите на Вардар забележаа огромен чекор кон титулата во Суперлигата откако на гостувањето против Е. Пелистер во Битола во една од клучните пресметки во борбата за шампионската титула славеа во повеќе од драматичен меч со 34-35, благодарение на голот на Хориха во последната секунда од средбата! Па, на крајот од мечот сосема заслужена радост на „црвено-црните“. Вардаровите ракометари радоста ја поделија и со најверните свои навивачи ...

Вардар 1961 после мај 2022 победи во Битола против ривалот Еурофарм Пелистер, а вечерашниот триумф е посебно значаен затоа што скопските Црвено-црни го презедоа првото место на табелата и во последното коло играат дома со актуелниот првак во меч кој веројатно ќе го одлучи шампионот. Радоста кај навивачите, ракометарите, стручниот штаб и сите на кои Вардар им е во срце беше разбирлива, а победата беше прославена и со селфи во салата на ривалот на ...