Во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, еден државјанин на Македонија загинал, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, потврдиле од Полициската управа во Суботица за „РТС“. Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Хоргош, излетало од патот помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело. Сопатинкот со иницијали Н.А. (39) починал во ...

МНР информира дека до Амбасадата на Република Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година. Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар. Амбасадата е во редовна комуникација со семејството на ...