Екипата на Работнички со нов пораз од Торпедо Белаз го заврши настапот во Европа или поточно во квалификациите за Конференциската лига во УЕФА. Пред седум дена претставникот на Белорусија славеше со 3-0 на средбата која се одигра во Унгарија, додека пак вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје триумфираше со 1-0. Торпедо имаше се под контрола и одигра колку што му беше потребно да го заокружи овој двомеч со „романтичарите“. ...
Фудбалерите на Работнички беа далеку и не успеаа да приредат изненадување во реваншот против белорускиот Торпедо Белаз и со нов пораз од 0-1, вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје, ја завршија европската авантура уште во првото квалификациско коло за Конференциската лига. Препорачано По убедливите 0-3 во првиот натпревар во Унгарија,, надежите на „романтичарите“ за пресврт беа повеќе теоретски отколку реални, а на теренот тоа и се потврди. ...