Еурофарм Пелистер во рамките на петтото коло во Лигата на шампионите ќе го дочека најтрофејниот во ова натпреварување Барселона. Каталонскиот гигант доаѓа во Битола в среда, а веќе од понеденик започнува продажбата на билетите. Преостанатите влезници кои не се продадени со сезонските ќе бидат пуштени во продажба точно напладне во понеделник. Стандардно, клубот ќе продава билети онлајн и на неколку локации во Битола. Цените се однапред утврдени ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во среда има нов голем тест во Лигата на шампионите, натпревар со најтрофејниот клуб во натпреварувањето Барселона. Барселона гостува во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, меч за кој нема повеќе карти во продажба. Осум минути беа потребни за да ги снема билетите за гостувањето на шпанскиот великан што доволно говори за еуфоријата во градот и кај „зелено-белите“ навивачи. Средбата се игра во ...