Реал Мадрид рутински ја совлада Валенсија и продолжи со добрата серија на резултати, но Чаби Алонсо нема многу време за анализа и одмор, бидејќи веќе од утре треба да го подготвува тимот за нов предизвик во Лигата на шампиони. Шпанскиот стручњак во вторник го чека специјално враќање на „Енфилд Роуд“, но овојпат како противнички тренер кој ќе се обиде да го води својот тим до нова важна и гостинска победа во најелитното европско натпреварување. ...
Се чини како да нема крај на главоболките за Чаби Алонсо. Реал Мадрид во вторник му гостува на Ливерпул во меч од Лигата на шампионите, но Кралевите ќе мора да настапат без Франко Мастантуоно, кој се повредил непосредно пред заминување и сè уште не е позната сериозноста на повредата. Чаби Алонсо веројатно нема да може да смета и на Трент Александер-Арнолд, кој веројатно ќе се најде на клупата со резерви, но и на повредениот Дани Карвахал. ...

