Дирекцијата за зашита на спасување има снимки за потпалување на некои од пожарите кои беснеат низ земјата и е невозможно сами од себе да горат до 20 жаришта дневно, вели првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека се прават натчовечки напори за гаснење. Денеска, 15 август, до пладне има 3 активни пожари, додека уште два изгаснати, информираше Ангелов и раскажа за тешките борби со огнот во ловиштето Јасен ...
Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, информираше на попладневната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. За ...