Фудбалерите на Шкендија не дозволија ново разочарување како пред две кола и во Скопје со сигурни 2-0 го совладаа тимот на Слован Братислава и со тоа се искачија во зоната која што обезбедува европски пролетни натпревари во Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани во пресрет на последното коло од лигашката фаза се на 21. место, со седум освоени бода и се многу близу до пласман во плеј-офот (од 9. до 24. позиција). За да се избегнат какви било ...
Шкендија и синоќа покажа како треба да се игра во Европа. Просто го “смачка“ силниот Слован со 2:0, иако според шансите победата требаше да биде поубедлива. Важно е што сега тетовци се во зоната на плеј – офот на табелата, на тоа 21.место на табелата со 7 бодови. Дури сега се гледа што значат оние два бода од мечот со Јагелонија кога Шкендија прими гол во 90+10.минута. Шкендија следниот четврток на Кипар кај АЕК Ларнака го игра последниот меч и ...

