После поразот од 1-2 против Јувентус, тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, беше многу лут на судиите. При резултат 1-1, централниот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати, со рака ја одврати топката која се најде пред напаѓачот на Комо, Анастасиос Дувикас. Од ВАР собата не одлучија да го повикаат главниот судија да ја прегледа снимката. „Нема друго толкување, ова е чист пенал. Дувикас ја контролираше топката со градите и без тој контакт со рака, ќе ...
Фудбалерите на Јувентус го совладаа Комо со голот на Рандал Коло Муани во 89. минута, а Цеск Фабрегас не беше задоволен од арбитражата по натпреварот. Тимот од Торино победи со гол од пенал, а и Комо можеше да добие пенал само две минути подоцна, но судијата одлучи поинаку. Поради ова, Фарегас беше крајно бесен. „Денеска нема да молчам. Тоа беше чист пенал. Доста е. Не го обвинувам судијата кој можеби не ја видел ситуацијата, но ВАР-собата ...