Арсенал целата работа околу пласманот во четвртфиналето ја заврши уште на првиот меч во Ајндховен, демолирајќи го ПСВ со преубедливи 1-7. Ситуацијата можеби ќе беше поинаква доколку ПСВ реализираше зицер при 0-0 (погоден беше дирекот), по што следеше фуриозен одговор на „топчиите“. Тимбер со прекрасен гол со глава го донесе англискиот тим во водство, а на погодокот на Холанѓецот набрзина се надоврзаа и Нванери и Мерино, носејќи предност од 0-3. ...
Големото мадридско дерби во Лигата на шампионите не ги разочара фудбалските фанови, бидејќи вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ гледавме беспоштедна битка за секој метар, едно ремек-дело, но и вкупно три погодоци во текот на сите 90 минути. По првата битка на „Бернабеу“, може да се каже дека Реал ќе има мала предност пред реваншот на „Метрополитано“, бидејќи избраниците на Карло Анчелоти успеаја да се изборат за минимална предност од 2:1. Реал тргна ...