На Реал Мадрид му беше доволен еден гол за да стигне до победа и три бода на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе. Кралскиот клуб дури во 80-тата минута го скрши отпорот на цврстите домаќини. Килијан Мбапе беше стрелец на голот, и тоа откако еден играч на Хетафе доби црвен картон. До крајот на средбата, домаќините останаа и без уште еден фудбалер на теренот. Тренерот на Реал, Чаби Алонсо, беше задоволен затоа што мисијата на екипата беше ...

Реал Мадрид извојува тешка победа против градскиот ривал Хетафе и постигна гол откако противникот остана со играч помалку на теренот, но потоа во судиското продолжение, фаворитот ризикуваше да испушти триумф во ситуација кога домаќинот доби и втор црвен картон. Со девет фудбалери на теренот, Хетафе имаше голема шанса во 96-та минута, но Тибо Куртоа истрча навреме и го блокираше обидот на домаќините кои се обидоа да стигнат до сензационално ...