Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека голманот Саид Хаидарирад ја обновил повредата која ја здоби на турнирот во Охрид и има парцијална руптура на задната ложа. Од клубот не кажаа колку долго популарниот Нинџа ќе биде во аут, само му посакаа брзо враќање на терените. При вакви повреди, паузата обично е минимум еден месец. Во наредниот период, голот на македонскиот првак во ЛШ и домашното првенство ќе го бранат Никола Митревски и Давид ...

Екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога и славеше над Еурофарм Пелистер 2 (34-19) на гостувањето во Битола во рамки на второто коло од машката ракометна Суперлига. Избраниците на Иван Чупиќ не видоа мака со ривалот, со кого си ја завршија работата по само едно полувреме. Немаше голем отпор на теренот од младите пелистерци, наидоа на поквалитетен ривал и тоа беше евидентно по 30 минути кога резултатот гласеше 18-7 за црвено-црните. ...