Венус Вилијамс нема да игра на овогодинешниот Мастерс во Индијан Велс, иако организаторите пред неколку дена објавија дека на 44-годишната седумкратна Грен слем победничка ѝ била доделена специјална покана. Веста за славната американска тенисерка ја потврди директорот Томи Хас преку официјалниот профил на турнирот на „X“. „Известени сме дека Венус не ја прифаќа поканата за овогодинешниот турнир. На Венус ѝ посакуваме сè најдобро и се надеваме ...
Индијан Велс, 24 февруари 2025 (МИА) - Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс одби вајлд-карта за учество на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, САД. - Не е точно дека ќе учествувам, изјави Венус за информацијата за нејзиното учество на турнирот во Индијан Велс. Американката три пати стигна до полуфиналето на турнирот во Индијан Велс: во 1998, 2001 и 2018 година. Минатата година таа влезе на турнирот како вајлд-карта. зс/ Фото: ...