Командантот на противпожарната служба на округот, Мирослав Голуб, објасни како се случила тешка сообраќајна несреќа утрово во Хрватска, на автопатот А3, на делницата помеѓу Поповача и Криж. Како што рече тој, приватен автомобил удрил во елен кој скокнал на патот. „Возачот очигледно не можеше да го помести автомобилот после тоа, но излезе на патот и им мавна на другите автомобили да забават и да застанат. Возачот на автобусот што доаѓаше од ...

Најмалку две лица загинаа, а 31 се повредени во судир на автобус со босански регистарски таблички и патничко возило на автопатот А3 помеѓу Поповача и Криж во Хрватска, соопшти полицијата во Хрватска. Фотографиите од местото на настанот покажуваат автобус превртен на страна и многу оштетен автомобил во другата лента. Полицијата потврди дека несреќата се случила помеѓу 82-риот и 83-тиот километар на јужната и северната страна од автопатот. ...