Припадник на косовската полиција бил полесно повреден во вооружен напад на северот на Косово, соопшти полицијата на Косово, додавајќи дека нападот се случил доцна синоќа во селото Србовац во општина Звечан. Белград најави враќање на околу 1.000 безбедносни сили на северот на Косово. Дежурните полициски единици биле нападнати од „вооружени лица од возило Ауди, сива боја и регистерска табличка КМ“, издадена од властите на Србија, соопшти ...
Тензично на северот на Косово. Во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток останаа поставените блокади од Србите. Затворени се граничните премини преку Јариње и Брњак. Пријавени се и инциденти, откако косовската полиција соопшти дека лица кои блокирале патишта неколкупати пукале кон единиците кај Газивода, по што и тие отвориле оган. Најновата ескалација на ситуацијата настана по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан ...