Пад на вкупниот промет за 22,12%, регистрираше Управата за јавни приходи по вчерашниот бојкот на маркетите. Ова е помалку споредено со минатиот петок, кога прометот во осумте најголеми маркети беше речиси преполовен. Во однос на четвртокот за време на вчерашниот бојкот се издадени 74.495 фискални сметки помалку. Втор петок граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи. При споредбата на ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година. Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 ...