16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожарот во Кочани (фото+видео) Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од пожарот кој се случи на 16-ти март, транспаренти со моќни пораки, црни балони пуштени кон небото и тага која се чувствуваше во тишината и покрај огромната толпа народ која го преполни плоштадот во Скопје, во чест на загинатите во трагедијата ...
Попладнево, скопскиот плоштад „Македонија“ стана место каде илјадници граѓани, со солзи и наведнати глави, ја изразија својата заедничка болка за 59-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Без зборови, без пароли, тие застанаа во 16-минутна тишина, симболично оддавајќи почит на најмладата жртва – 16-годишно дете чиј живот згасна во пламените. Оваа немост не беше само комеморација, туку и тивок крик за одговорност и промени. ...