Првпат по три години рускиот и францускиот претседател на телефонска линија. Во фокус-војната во Украина. Макрон повика на прекин на огнот и почеток на преговори. Путин вели-Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји, решението мора да биде сеопфатно, да ги адресира основните причини и да се базира на реалноста на теренот. ОН го поздравија дијалогот. Наспроти дипломатијата, Киев и Москва продолжија со напади. И ...

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за војната во Украина, соопшти денеска Кремљ. Се работи за прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година. Во соопштението се наведува дека Путин, коментирајќи ја ситуацијата во Украина, оценил дека сегашниот конфликт е директна последица на политиките на западните земји кои со години ги игнорираа безбедносните интереси на Русија, а сега водат ...