Денот на албанското знаме, кој требаше да се обележи со културна почит кон националниот симбол на еден народ, за жал остави нецивилизирана дамка, со пукање од непознато оружје, нелегална пиротехника, сообракајни прекршоци, искршени автомобили, скрнавење на соживотот. Сè почна од попладневните часови кога колона од возила со развиорени албански знамиња се движеа кон веќе познатите точки во градот каде што се одвиваат националните прослави, ...

На 28 ноември, судејќи по тоа што се случуваше низ улиците на Скопје, Албанците во Македонија го одбележуваа Денот кога се пали, кине и понижува државното знаме на Македонија. Знам, ќе речете не е така, Албанците го одбележуваа Денот на албанското знаме, ама мал дел од нив се однесуваа варварски. Да, тоа е точна квалификација, ама не видовме во четвртокот некој од мнозинството Албанци јавно да им се спротивстави на хулиганите и да ги испокара на ...