Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска попладнево беше на митинзи во скопските општини Центар и Карпош, каде што беа претставени кандидатите за градоначалници и советници. Тој во Центар рече дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече ...

„Карпош знаел да ги препознае и ќе ги препознае оние кои лажат и манипулираат, кои се кандидираат за лични и бизнис интереси, токму како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Карпош знае дека глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за уште еден пиун на олигархијата, кој ќе работи под директна контрола на Мицкоски и на оние кои го плаќаат”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, ...