Вечерва во Радовиш истоимениот тим мораше да му честита на гостинот од Скопје, на составот на РК Вардар за перфектните “шест од “шест“ на стартот од сезоната. Големиот фаворит успеа да победи со 27:33. Иако не блескаа “црвено – црните“ сепак имаа доволно сила и квалитет во себе за да без проблеми го доведат овој меч во своја корист. Нема што, РК Вардар е во форма и засега си гази во македонската ракометна Суперлига. На почетокот од мечот ...
Двократниот европски шампион РК Вардар останува максимален во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од 6. коло во Суперлигата без проблеми славеше на гостувањето кај Радовиш со 27-33. „Црвено-црните“ уште од самиот старт поведоа и веќе на полувреме имаа предност од 14-18. Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 27-33. Во следното коло Вардар игра дома со Прилеп, ...