Некогашниот член на младинската школа на Барселона и повремен репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски е нов играч на Вардар. Офанзивниот играч за врска треба да донесе дополнителен квалитет во нападот на Црвено-црните и стабилност во средниот ред. Бабунски прв пат во кариерата ќе игра во македонското првенство, откако во минатото има настапувано за клубови како Црвена ѕвезда, Јокохама, Ботосани, Дебрецен, а последен негов клуб беше Данди ...

Давид Бабунски потпиша за Вардар и дефинитивно е дел од еден од најинтересните трансфери на македонските прволигаши во актуелниот преоден рок. Повремениот македонски репрезентативец првпат ќе игра во нашето првенство и ќе му помогне на скопскиот тим да ги оствари сериозните амбиции оваа сезона. Давид се формираше како фудбалер во редовите на младинската академија на Барселона, по што настапуваше за повеќе клубови во Европа, па и во јапонските ...