Главниот јапонски трговски преговарач денеска ја започна новата посета на Вашингтон со цел продолжување на разговорите околу високите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, откако претходно беше најавено олеснување за царините на автомобилите, што разбуди надеж за натамошни отстапки. Министерот за економско заздравување Рјосеи Аказава веќе се сретна со Трамп и со министерот за финансии Скот Бесент во ...
„Нема повеќе простор за Канада и Мексико“, рече Трамп во Белата куќа. Претседателот додаде дека единствениот начин да се избегнат царините ќе биде канадските и мексиканските производители да го преселат производството во САД. „Тие ќе мора да ги градат своите фабрики за автомобили, искрено, и други фабрики овде во САД. Во тој случај, нема царини“, рече Трамп. Освен тоа, беше воведена дополнителна царина од 10% за увоз од Кина, поради обвинувањата ...