Полициски службеници од СВР Штип, вчера, во 12 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, го лишиле од слобода Т.Н.(44) од с.Уларци, oпштина Чешиново-Облешево поради управување возило под дејство на алкохол. Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека ...

На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р. (56) од Скопје. На регионалниот пат Р-1205 во сПишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген “ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место. По целосно документирање на случајот против ...