Премиерот во своето обраќање на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на независноста, повика на исполнување на 10 принципи околу, како што кажа, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори во општеството, а не само на власта „или неколку партии во опозицијата“, за да се справиме со предизвиците и да чекориме на патот кон просперитет Тој упати и порака до опозицијата, за која рече дека тоне во тотална безидејност ...
Правда и правна држава, бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, достоинствен живот за сите граѓани – порача премиерот Христијан Мицкоски по повод одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември – кога, како што тој рече на светот јасно му пренесовме дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша. Премиерот ја подвлече важноста на националните интереси, нагласувајќи дека тие ќе бидат брани по секоја цена. ...
Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме! Ова, меѓу ...