Многу топлото време што се најавува од среда до петок, со температури до 40°Ц, се очекува да ја зголеми потрошувачката на електрична енергија поради користењето на клима-уредите, кои се единствен спас од горештините, и дома и на работа. – Дома користиме клима-инвертер, во лето за ладење, во зима за греење. Живееме во куќа, има поголем простор и за да се одржува температурата на овие високи температури, лади дење-ноќе, воопшто не ја гасиме. ...
Во моментов живееме пеколно жешки денови, а според метеоролозите, температурите до крајот на неделава ќе достигнат над 40 степени Целзиусови. Жителите се подготвуваат за нов топлотен бран со неизбежно вклучување на клима-уредите – дома, во канцелариите, продавниците и во институциите. Последицата? Сметките за струја ќе бидат повисоки од вообичаено, а енергетскиот систем е веќе на нозе за да одговори на зголеменото користење. „Секое лето исто – ...