Реал Мадрид има четири бода предност пред градскиот ривал, Атлетико, на врвот од Ла Лига, откако без поголеми проблеми и рутински го победи „фенерџијата“ Ваљадолид на гости со 0-3. Сите три гола беа дело на Килијан Мбапе, за кого ова е прв хет-трик во дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ го скршија отпорот на противникот во 30-тата минута, потоа Французинот зголеми на 0-2 во 57-мата минута, а конечниот резултат го постави од пенал во 91-вата ...

Благодарение на првиот хет-трик на Килијан Мбапе по неговото доаѓање минатото лето, Реал Мадрид победи на гостувањето кај Ваљадолид (0:3) во мечот од 21.коло и ја зголеми предноста на врвот во Ла Лига. Французинот по петтиот погодок во низа го потврди враќањето на најдоброто ниво. Најпрвин погоди во прекрасна комбинација со Англичанецот Џуд Белингем во 30. минута. Потоа со одлична завршница го заврши контранападот предводен од Бразилецот ...