Во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј се случува вистинска драма. Според францускиот весник „Л’Екип“, тренерот Роберто де Ѕерби во понеделникот се појавил на тренингот и им кажал на играчите дека тој ден нема да ги води, што предизвикало бурна реакција – играчите одбиле да тренираат под водство на неговиот стручен штаб. Во ситуацијата морал да се вклучи и спортскиот директор Мехди Бенатија, кој речиси еден час разговарал со фудбалерите ...

Марсеј влезе во сериозна резултатска криза во клучен период од сезоната, а третиот пораз во низа направи да има големи турбуленции на „Велодром“. Поразот на гостувањето кај Ремс со резултат 3:1 ја прели чашата кај тренерот Роберто Де Ѕерби кој знае да биде нависитна многу ригиден кога се фудбалерите во прашање, па по враќањето во Марсеј, италијанскиот стручњак им наредил на своите првотимци да останат во тренинг центарот и да не се враќаат дома. ...