Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио, одби трансфер во Фенербахче, па така тој е најблиску сега до Милан, кој води преговори за негов ангажман. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, ги мина последните шест месеци на позајмица во Астон Вила, а неговиот договор со ПСЖ е до 2026 година, но јасно е дека Луис Енрике не смета на него во иднина. Фенербахче нудеше 15 милиони евра, вклучувајќи и бонуси. ПСЖ ја прифати понудата, меѓутоа самиот фудбалер не сака ...
Марко Асенсио нема иднина во Париз и ќе биде принуден да го смени клубот по втор пат од почетокот на годината. Шпанскиот фудбалер пристигна во Париз како слободен агент пред две години. Во својата прва сезона, поради проблеми со повреди и конкуренција, одигра само 19 натпревари во француското првенство, додека во првата половина од минатата сезона имаше 12 лигашки настапи. Не беше во плановите на Луис Енрике за втората половина од сезоната, ...