Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата Оклахома сити тандер стигнаа до 21 победа во 22 натпревари откако синоќа славеа на гостување кај Голден стејт вориорс со 112-124. Шај Гилџс Александер повторно беше прво име во таборот на победникот со 38 поени. Кај поразените кои играа без Стеф Кари, Спенсер и Подзимски постигнаа по 17 поени.  Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Вашингтон 121-102, Торонто – Портланд 121-118, ...

Кошаркарите на Оклахома се наоѓаат во одлична форма, а тоа најдобро го покажува досегашниот скор (21 победа:1 пораз), па многумина се прашуваат дали ќе успеат да го соборат рекордот по бројот на победи во регуларниот дел од сезоната, кој е во сопственост на Голден стејт (73:9). Инаку, Оклахома славеше со 124:112 против Голден стејт, тимот што го држи рекордот што, за многумина, нема да биде соборен. „Воините“ забележаа 73 победи и само девет ...