Инфлацијата во ЕУ се движи меѓу 2 и 3 проценти, додека во Словачка е околу 4%. Земјите како Словачка, рече словачкиот министер за финансии Ладислав Каменицки, силно зависат од надворешни економски фактори, особено од Германија, Австрија и Франција земји што моментално се во рецесија. Ние сме најголем производител на автомобили во Европа „пер капита“ и многу зависиме од тоа што се случува во Германија и во другите европски земји. Од Германија ...
Каменицки на заедничката прес-конференција истакна дека во Европа конкуренцијата на испорачувачите на енергија е прилично ограничена. Би требало да се дозволи, како што напомена, да се купува енергија таму каде што е поветина, отколку да биде ограничена конкуренција како што е во моментот. „Во 2020 – 2021 година имаше ковид-криза, настрадаа сите држави. Не само ние, туку и другите земји имаат огромни задолжувања. Втор пат сум министер за ...

