Струмичкиот градоначалник го предаде клучот од градот и власта симболично премина кај карневалџите, кои следните седум дена ќе владеат низ магијата на маската, смеат и фантазијата. Од синоќа и официјално стартуваа карневалските свечености. Вечерва ќе се одржи и големиот Концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ каде ќе настапат над 300 учесници. Утре ќе биде маскенбалот, во сабота е главното улично дефиле, а во недела се одржува ...

Од синоќа почнаа седумдневните карневалски свечености во Струмица. Карневалистите симболично го добија клучот и една недела ќе бидат одговорни и ќе управуваат со градот кој треба да привлече голем број домашни и странски туристи. Учесниците пак ги финишираат своите маски со кои ќе се претстават на саботното дефиле. Членовите на групата „Мулен Руж“ ја спремаат маската „Мрежа на вистината“--ќе бидат пајаци. Интензивно се работи и по работилниците. ...