Рускиот претседател Владимир Путин првпат реагираше на вчерашната прва рунда преговори со Американците за Украина. Тој позитивно го оцени исходот од преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад, истакнувајќи дека средбата е првиот чекор за обновување на соработката во различни области, вклучително и Блискиот Исток, енергетиката и вселенското истражување. Според него, целта на разговорите била да се врати довербата меѓу двете ...
Американскиот претседаел, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин сака да постигне договор а завршување на војната, иако таков договор не му е неопходен, затоа што ако сака може да ја освои и добие цела Украина. Не се обидувам да го претставам Путин во подобро светло. Само ви го кажувам фактот – овој конфликт не требаше да се случи“, нагласи Трамп. Според него, Зеленски нема „адути“ за преговори со Русија. Трамп ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потврди дека неговиот француски колега Емануел Макрон ќе пристигне во Вашингтон, „можеби во понеделник“, поради несогласувањата околу решавањето на конфликтот во Украина. Запрашан во претседателскиот авион за распоредот за средбата со Макрон, Доналд Трамп одговори: „Многу наскоро, можеби во понеделник“. Непосредно пред тоа, американски функционер изјави дека шефот на француската држава се очекува во ...