Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција апелираа до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на ЕВН. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески рече дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на високи сметки и ненавремено читање на саатите од страна на службени лица на ЕВН. ...

За еден месец од 24 декември до 25 јануари на адресата на ЕВН Хоум пристигнале 15 илјади барања за корекции на високите сметки за струја. Само мал број од нив - 2.200 (15%) е утврдено дека се основани и за нив е извршена корекција на сметките. За останатите е утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка. До Регулаторната комисија за енергетика, како второстепен орган, до 28 февруари се ...