Раперката Карди Би доби граѓанска парница во Калифорнија по обвиненија за телесна повреда, избегнувајќи исплата на милионски оштети. Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV. Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога Карди Би, тогаш бремена со своето прво дете, посетила лекарска ординација. ...

Раперката Карди Би е ослободена од судот во Лос Анџелес за обвиненијата за напад и физичко насилство и не мора да плати никаква отштета во тужбата од 24 милиони долари поднесена од поранешната обезбедувачка Емани Елис. Имено, Карди Би беше обвинета за плукање и користење расистички навреди кон Емана Елис во наводен инцидент во 2018 година, пишува „Пејџ сикс“. Препорачано Обезбедувачката најави дека ќе поднесе контратужба по пресудата. ...