„Тешко е да го напуштиш домот. Стравот од заминување во друг град може да биде и поголем од стравот од смртта“, вели Генадиј Јудин од тимот за евакуација „Бел ангел“. Со него и тројца негови колеги возиме низ улиците на Мирноград, рударско место во регионот Доњецк, југозападно од окупираната Авдивка во источна Украина. Руската армија сѐ повеќе се приближува до Мирноград. Линијата на фронтот е на помалку од десет километри од градот, кој сега ...

Тимот на „Бел ангел“ го сочинуваат полицајци кои со блиндиран минибус ги изнесуваат луѓето надвор од градот. Во возилото има панцирни елеци и шлемови за деца и за возрасни. „Овде практично веќе и нема деца“, вели Јудин и додава дека „уште две семејства со деца бараат сместување, но тие ќе си заминат сами“. Според Јудин, службениците не можат да ги принудат луѓето да се евакуираат. Тој самиот морал да го напушти градот Авдивка, кој сега е ...