Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во Марибор, Словенија и официјално беше отворен на свечена церемонија на која учествуваше и нашата делегација. Знаменосец беше џудо репрезентативецот Никола Магдески кој е еден од неколкуте наши спортисти кои веќе од утре ги почнуваат и спортските настапи. Според објавениот распоред на натпревари прв стартува плувачот Стефан Тодоров. Тој утре изутрина ќе плива во квалификациите на 100 и 50 метри ...

Марибор, 24 јули 2023 (МИА) – Македонските спортисти утре ќе го имаат својот премиерен настап на Европскиот олимписки младински фестивал, кој во неделата официјално беше отворен во Марибор. Македонската експедиција е составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески. Атлетичарот Брајан Авија утре претпладне го очекува настап во дисциплината скок во ...