Управата на црногорската полиција објави дека синоќа во просториите на Одделот за безбедност во Подгорица се приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан, кои биле предмет на кривична обработка, како и проверка на легалноста на нивниот престој на територијата на Црна Гора. Во паралелна операција, полицијата во Подгорица уапсила еден азербејџански државјанин и еден турски државјанин, осомничени за нанесување повреди на маж и извршување на ...
Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир. Според полициското соопштение, акцијата следи по неколку инциденти во изминатите денови во Подгорица во кои мета биле странски државјани, претежно од Турција и од Азербејџан. Меѓу уапсените е 35-годишен жител на Подгорица кој е осомничен дека преку социјалните мрежи ...
Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со прободувањето со ладно оружје на жителот на Подгорица М. Ј. Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски државјани нападнаа група жители на Подгорица прексиноќа, а еден од младите мажи од Подгорица претрпел седум убодни рани. Неговата девојка за ТВЦГ ги раскажа деталите ...

