Стартот на новата сезона од Прва МФЛ не мина славно за АП Брера, која беше „торпедирана“ во Кратово откако остана со играч помалку. Тренерот на струмичкиот тим, Панче Стојанов, открива дека на своите млади фудбалери им порачал дека овој натпревар нема да биде поврзан со претходниот и дека побарал да го заборават. „Тоа е зад нас, го анализиравме тоа што се случи и ги направивме потребните корекции. Знам дека тимот е добро подготвен, но ќе мора да ...
Пелистер победи во Струмица со 2-1 против Брера, со што се комплетираше второто коло во Првата македонска фудбалска лига. За пелистерци ова е прв триумф во Струмица после седум години, а победата ја остварија со голови во второто полувреме. Најубавиот погодок беше на Филип Антовски од Брера, но тоа е слаба утеха за домашните. Сега битолчани имаат три бода, а Брера остана на нула, и на дното е во друштво на Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. ...